Мицкоски: Пратениците ќе го напуштат Собранието ако власта се обиде со скратена постапка и европско знаменце да го донесе Законот за амнестија

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Струмица се закани дека пратениците од опозицијата ќе го напуштат Собранието ако власта се обиде да ги злоупотреби скратената постапка и европското знаменце при носење на најавениот Закон за амнестија.

 

ној срамен Закон за амнестија на криминалци кој сега го поднесоа е само показател за очајот во кој се наоѓаат. Прво си донесоа по скратена процедура, злоупотребувајќи го европско знаменце Закон за измена на членовите на КЗ со кои сакаат да мислат дека се заштитени по падот од власта, а сега пред изборите прават сценарио за слобода на голем дел криминалци, мислат дека тие ќе им помогнат во изборната кампња.  Ковачевски морам да признаам, плаќа висока цена за својата коалиција, и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, зошто самата влада продуцира неодговорност. Од друга страна со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики, а никаде во Европа нема терористи да ви убијат 5 луѓе од кои 4 деца како што беше случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати да ги пуштаат на слобода со Закон за амнестија, вели Мицкоски.

 

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира носењето на законот.

 

-Ќе ве потсетам ако се сеќавате велеа „нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за да сега истите тие се борат за нивната слобода. Да излезат тие и стотици други кои правеле разбојништва, кражби, перење на пари и слично. Ова се последните очајни крици на власта. Овој закон за слобода на криминалци меѓу кои и оние од Монструм за кој нема европско знаменце што значи нема скратена процедура ќе мора да се дискутир во парламентот за него по стандардна процедура ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека ќе го блокира. А ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле досега многупати, и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце на овој закон, тогаш ќе побарам од Извршниот комитет и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот. Нема да дозволиме тие да ја убиваат правдата, и да не го слушаат народот. Во тој случај само нивен ќе биде срамот и одговорноста. Ова е порака и до меѓународната заедница поактивно да се позанимава со тоа што работи оваа влада. Затоа што оваа држава не постои само за едно прашање уставните измени, додека милион други теми, важни за народот поминуваат без никаков притисок и коментар од нивна страна. Тоа мора да се смени. Мора да се одбранат принципите на право, правда и правна држава, зошто ако тоа не се случи, тогаш можам да констатирам дека ние држава немаме, рече Мицкоски.

 

01.10.2023 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега