Мицкоски по гласањето: Народот ја зеде судбината во свои раце
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски по гласањето на избирачко место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае им се заблагодари на сите граѓани кои денеска излегле да гласаат затоа што, рече, ја зеле судбината во свои раце и бидејќи само така може да се победи тоа што било погрешно во изминатиот период.
-Тоа е единствен начин како да се стави крај на оваа апатија, на безнадежмост која владее во државата, на огромен криминал, корупција, и сето она коешто во изминатиот период претставува сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас, ја имаат сета моја почит и им благодарам за тоа што денеска го остварија своето граѓанско право и излегоа на овие избори. Сето она што се случуваше изминатите денови, сите нерегулураности, притисоци, закани, уцени, поткупи, можат да се надминат само со масовна излезеност и затоа ги повикувам граѓаните, без разлика за кого ќе го дадат својот глас, тие најдобро знаат за кого ќе гласаат и тие се секогаш во право. Затоа повикувам на голема и масовна излезеност, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа