Герасимовски: Центар е горд на Шекеринска
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО.
„Радмила Шекеринска, нашата Центарка, ја продолжува својата извонредна кариера со историски успех! По речиси две децении како клучен играч на македонската политичка сцена, таа е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО – прв висок функционер од Западен Балкан, но и од земја надвор од ЕУ која ја добива оваа позиција.
Верувам дека со Шекеринска, Алијансата ќе биде уште позајакната и посилна. Жените многу добро знаат како треба да се води, огромни честитки Радмила!”, напиша Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа