Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За Успение на Пресвета Богородица организиран превоз до манастирот на Матка – Сестринството вели „Со љубов ве очекуваме”
    • Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над 300 случаи на салмонела во Белгија
    • ФОТО: Паднатите дрва од невремето се претворија во нешто корисно – Водно доби нов моторички парк
    • Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред
    • Прскање против комарци во пет општини во Југоисточниот регион: Еве кога ќе се спроведува дезинсекцијата
    • Позната причината за смртта на легендарната икона Доли Партон
    • ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир
    • Страшно злосторство во САД: Осумчлено семејство убиено за време на вечера
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Платите ќе растат, но не преку ноќ

    Мицкоски: Платите ќе растат, но не преку ноќ

    22.12.2025 во 12:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради одржлива и правична економија“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија.
     
    Мицкоски истакна дека целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој граѓанин.
     
    „Нашата цел е јасна – посилна економија што создава вредност, отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој граѓанин. Економскиот раст што го градиме мора да биде инклузивен и правичен, а резултатите од тој раст мора да се почувствуваат кај работниците, но и да обезбедат стабилност и конкурентност за компаниите. Во тој контекст, прашањето за минималната плата е исклучително важно и чувствително“, рече тој.
     
    Премиерот Мицкоски потенцираше дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите.
     
    „Сакам јасно да нагласам, Владата не е против зголемување на минималната плата. Нашата заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но исто така сме цврсто убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. И тој раст мора да биде согласно потенцијалите и капацитетите на економијата. Јас не сум за наметнати решенија. Следната година ќе биде година на борба за подобар животен стандард“, нагласи Мицкоски и додаде:
     
    „Одржливо зголемување на платите не се постигнува со административни одлуки донесени преку ноќ, туку со силна и продуктивна економија. Затоа паралелно со разговорите за минималната плата, мора да работиме на зголемување на продуктивноста, поддршка на бизнисите, инвестиции во технологија, иновации и човечки капитал. Само така ќе создадеме услови платите да растат континуирано, без да се загрозат работните места или конкурентноста на компаниите.“
     
    Премиерот Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во овој процес.
     
    „Владата ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во овој процес. Ќе ги поддржиме сите решенија што се правични, економски издржани и договорени преку консензус. Наш интерес не е краткорочен политички поен, туку долгорочна стабилност, предвидливост и економија што може да ги издржи предизвиците на современото време. Верувам дека преку искрен дијалог, меѓусебна почит и заедничка визија, можеме да дојдеме до решенија кои ќе обезбедат подобар стандард за работниците и здрава деловна клима за работодавачите. Тоа е патот кон посилна економија и посигурна иднина за нашата држава“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    26.08.2026 во 10:21

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.