Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ

    Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ

    14.09.2026 во 14:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави:
    „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. 
    Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. 
    Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.