Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Штип: Правиме методологија да ја задржиме цената на струјата или да ја поевтиниме

    Мицкоски од Штип: Правиме методологија да ја задржиме цената на струјата или да ја поевтиниме

    09.09.2026 во 15:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата подготвува методологија со цел цената на електричната енергија да остане иста, но се прави обид за граѓаните таа и да поевтини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип.

    Одговарајќи на новинарски прашања за цената на струјата и енергетската состојба, Мицкоски посочи дека целта е заштита на стандардот на граѓаните.

    За струјата, правиме методологија да се обидеме, ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да се обидеме да ја поевтинима – изјави Мицкоски.

    Тој потенцираше дека за време на мандатот на оваа Влада немало зголемување на цената на струјата за домаќинствата и покрај глобалните предизвици и „војната во Арапскиот Залив“. Премиерот увери дека земјата ја очекува стабилна грејна сезона.

    Покрај сите тие предизвици, денеска кога ме прашувате, јас можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима, ќе имаме снабдување со електрична енергија во согласност со потребите на граѓаните и бизнисот. Ние како Влада сме фокусирани на тоа, ги подготвуваме нашите производни капацитети. Грејната сезона ќе почне за еден и пол месец, еве максимум, во зависност од временските услови, некаде на почетокот на ноември, но ние ги подготвуваме енергетските капацитети, се подготвуваме за зимата и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да се фокусираме – вели Мицкоски.

    Во однос на состојбата со хидроакумулациите, тој информираше дека тие се на ниво од речиси 50 проценти.

    Цела Европа се соочува со низок водостој на реките. Ова лето се исклучуваа нуклеарни централи, термоцентрали, хидроцентрали. Ние тоа не го правевме, напротив. Работиме со план, чекор по чекор. Знам дека не е сè идеално, знам дека е тешко, но е многу подобро за разлика пред три години и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро од денес – истакна Мицкоски.

    Околу цените на нафтените деривати, премиерот потсети дека Македонија има најниски цени во регионот и најави дека мерките ќе се приспособуваат според интензитетот на кризата.

    Се разбира дека и во моментот аплицираме мерки, а тоа е редуцираното ниво на акцизата, но во зависност од интензитетот на кризата, така ќе ги димензионираме мерките. Затоа што многу е важно и да се одржат макроекономската и фискалната стабилност на земјата во услови на ваков тип глобални предизвици – две војни, сепак не е малку, а воедно да успеете да ја задржите стабилноста во буџетот, да генерирате раст, кој беше 4,3 % на реална основа во вториот квартал, кој е само продолжување на растот од првиот квартал од 3,1 %, да го спуштите нивото на инфлација од 2,3 и 2,6 %, да го зголемите извозот – тој да расте побргу од увозот, да ја зголемите вработеноста, да креирате нови 17.000 работни места и сето тоа се предизвици кои изминативе 26-27 месеци се решаваат – рече Мицкоски по пуштањето на новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.