Мицкоски: Очекуваме рекордни странски инвестиции од над 1 милијарда евра до крајот на годината
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека очекува до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра.
„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.
Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа