Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат

    Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат

    11.09.2026 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше по одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата за случајот „Ласкарци“, а во ист период и пресудата за Стевчо Јакимовски, оценувајќи дека дел од судиите и обвинителите и натаму, како што рече, ги штитат луѓето од претходната власт.

    „Тоа се рецидиви и остатоци, мал дел од претходната влада на СДСМ и ДУИ и тоа е последниот ресорт за заштита на таа влада и на луѓето кои беа дел од таа влада. Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат. Таков беше случајот со модуларната болница, така и сега со Ласкарци“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека во случајот „Ласкарци“ има голем број жртви и луѓе со траен инвалидитет и оцени дека тоа мора да биде доволна причина правосудството да застане, како што рече, на страната на правдата.

    „Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе кои имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак, тие остануваат да бидат верни слуги на тие кои во минатото ги поставиле“, рече премиерот.

    Мицкоски додаде дека ваквите одлуки, според него, создаваат недоверба кон целиот правосуден систем и ги ставаат во сенка судиите и обвинителите кои професионално ја вршат својата работа.

    „За жал, овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители кои се во нашиот правосуден систем. Добро е и моите колеги од Европската унија да ги следат овие примери и да видат, кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого во суштина имаме предизвик да се бориме“, изјави Мицкоски.

    Тој оцени дека борбата со ваквите состојби понекогаш изгледа како „донкихотовска битка“.

    „Понекогаш имам чувство дека со ветерници се бориме, како сето тоа да е донкихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода луѓе за кои постои основано сомневање, односно правосилна судска пресуда, и како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било“, рече премиерот.

    Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од, како што рече, борбата за правда.

    „Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајуваме. Ќе продолжиме да се бориме. Правдата мора на крај да победи и ќе победи“, изјави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините

    06.10.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.