Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќање по повод Денот на даночните работници, истакна дека силна економија и одржливи јавни финансии се невозможни без ефикасна и чесна даночна администрација. Тој ги презентираше постигнатите резултати, кои, според него, ја потврдуваат стабилноста на економијата.

„Од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра.
 
Тоа е за 260 милиони евра повеќе од минатата година.
 
Во првите десет месеци имаме:
 
раст на даночната нето наплата од над 6%,
 
раст на социјалните придонеси од речиси 15%“, посочи Мицкоски.

„Ова значи дека економијата расте. Активноста се зголемува. Компаниите работат. Платите растат. А со тоа растат и приходите,“ рече Мицкоски.

Премиерот, исто така, посочи дека навременото плаќање на ДДВ пораснало од 76% на 81%, што го смета за доказ за зголемената доверба помеѓу државата и бизнисот.

Exit mobile version