Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно соопшти дека Владата се повлекува од намерата за набавка на нов воздухоплов, по острите критики од опозицијата. Во емотивна изјава, Мицкоски откри дека на лидерска средба со Венко Филипче било договорено оваа тема да не се користи за политички поени, но опозицијата не си останала на зборот.
„Гледам дека не си стојат на зборот и затоа ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам дека тогаш на сите ќе им стане јасно дека оваа дебата била излишна“, порача премиерот, нагласувајќи дека безбедноста на луѓето не смее да се загрозува поради дневнополитички препукувања.


