Мицкоски: Не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала

 

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку објава на својот фејсбук профил вели дека инфлацијата на цените на храната не е увезена, бидејки инфлацијата во еврозоната е двојно помала.
 
„Политичките манипуланти, владата на ДУИ поддржана од СДСМ не ја говори вистината кога вели дека инфлацијата и високите цени на основните прехрамбени производи се увезени.
Имено, трошоците за живот во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се зголемени за 17,1%, а цените на храната и безалкохолните пијалоци за истиот период се повисоки за цели 25,1%, според државниот завод за статистика (слика 1).
Само за споредба, според EUROSTAT, во еврозоната инфлацијата во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се очекува да биде 8,5% (слика 2), двојно помалку од таа во Македонија.
Имаме план, знаеме како да се справиме со предизвикот. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред."- стои во неговата објава.

18.02.2023 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега