Во досегашната кампања можевте убаво да видите што нудиме, за што се залагаме и кои се нашите приоритети за кои се бориме. И дека најважна од се ни е таа нераскинлива врска со народот и граѓаните од кои ја црпиме сета наша сила, порача на народниот митинг во Гостивар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

-Нашата моќ не ја темелиме на бизниси, тендери, договори во 4 очи како нашите противници туку наверба заснована на народот и неговите уверувања, надежи и сила и нормално нашата работа. И можам да кажам дека јасно е видлива разликата која постои помеѓу нас кои доаѓаме со програма, визија и желба за напредок и тие другите кои што се уште во 21 век својата кампања ја темелат на црна пропагада, лаги за противнизите и нациоанл-романтичарски  идеи.  И во тоа и СДСМ и ДУИ се исто. Една бледа кампања, сивило, безидејност, всушност, да не ме спомнуваат мене и ВМРО-ДПМНЕ, тие би немале кампања, порача Мицкоски.

Мицкоски оцени дека целта на ДУИ е да испровоцира реакција од негова страна, па да можат да се претставуваат како жртви и да зборат дека тој има нешто против Албанците.

-Со мојата работа овде во Гостивар и директна поддршка што ја даваме на општината, без разлика кој ја води, сум покажал и докажал како претседател на Владата со колегите министри дека се грижиме подеднакво за сите, порача тој.

Exit mobile version