Најниската температура во државата утрово е измерена во Берово, каде што термометрите покажале -5 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во други делови на земјата регистрирани се: -2 Целзиусови степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Маврови Анови; -1 во Крива Паланка, Велес, Демир Капија и Тетово; 0 степени во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор и Попова Шапка; 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид; 2 степени во Крушево и 3 степени во Виница.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 60 сантиметри.

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи помеѓу 15 и 21 степен.

Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со слаб променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Exit mobile version