Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
На дневниот ред пред членовите на Комисијата се Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема „Институционалното постапување во случаи на пријавено семејно и родово базирано насилство“, како и Предлог-одлуката за организирање јавна расправа за „Нацрт-националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026–2033“.


