Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили починал во сон од инфаркт.

Последната фотографија на актерот на социјалната мрежа Фејсбук, датира од Ноември 2025.

Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова, за ЦрноБело изјавила дека тој починал во сон од инфаркт и дека таа ќе го памети само по убавите моменти поминати заедно.

Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.

Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.

Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

Exit mobile version