Италијанската воена база во градот Ербил, Ирак, била цел на ракети во текот на изминатата ноќ. Италијанското Министерство за одбрана соопшти дека за среќа нема загинати или повредени меѓу воениот персонал, бидејќи сите војници успеале навреме да се повлечат во заштитните бункери веднаш по алармот.

„Најостро го осудуваме нападот“, порача италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, потврдувајќи дека целиот контингент е на безбедно. Овој инцидент во ирачкиот регион Курдистан дополнително ги зоврива страстите во регионот, каде веќе подолг период трае опасна воена игра меѓу Иран и неговите противници, САД и Израел.

Exit mobile version