На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа слета третиот организиран лет со патници кои беа евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека патниците претходно биле транспортирани со организиран превоз до Ријад, од каде со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.

Во авионот имаше 151 патник, од кои 109 беа македонски државјани, како и граѓани на повеќе други земји. Евакуацијата беше спроведена според претходно утврден план и во координација со надлежните институции.

Муцунски истакна дека безбедноста на македонските граѓани останува највисок приоритет и дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму е на располагање за сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.

Exit mobile version