Close Menu
Press24
    Најново

    Хартијата во здравството заминува во историјата: Алиу најави целосно електронски досиеја, упати и рецепти

    06.03.2026 во 13:01

    Уапсен разбојник во Куманово – веднаш спроведен во Идризово

    06.03.2026 во 12:49

    МВР со детали за сообраќајката во која загина вработен во ЦУК

    06.03.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хартијата во здравството заминува во историјата: Алиу најави целосно електронски досиеја, упати и рецепти
    • Уапсен разбојник во Куманово – веднаш спроведен во Идризово
    • МВР со детали за сообраќајката во која загина вработен во ЦУК
    • Жерновски до ВМРО-ДПМНЕ: Зошто сега не го смените името
    • Стојаноски: Отворени 18.000 нови работни места за шест квартали, невработеноста падна на рекордни 11,4%
    • Лефков: Заев и Филипче ја приближија Македонија до руската политика и режимите на Путин и Лукашенко
    • Вајц: Уставните измени не се предмет на преговори
    • Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Катар: Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави „чешлање“ на лиценците за марихуана: Очекувам запленетите количини да достигнат и до 100 тони

    Мицкоски најави „чешлање“ на лиценците за марихуана: Очекувам запленетите количини да достигнат и до 100 тони

    10.02.2026 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави:

    „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ја води потпретседателот Димовски. Но, очекувам ваков тип на одлуки да бидат донесени и во деновите коишто следат да се проверат сите оние компании коишто добиле на некаков начин лиценца за да ја вршат оваа дејност.“

    Премиерот Мицкоски во однос на запленетата дрога, истакна дека не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана.

    „Па неколку десетици тони, не би се изненадил ако дојдеме и до сто тони на запленета марихуана.“

    На прашањето кој министер бил во тоа време којшто овозможувал олеснување на тие правила за добивање на овој тип на лиценци Мицкоски рече:

    „Па јасно е кој бил, мислам можете да претпоставите дека во одреден период министер таму е и Венко Филипче. Но, лиценците се една работа, а втора работа е што е донесен Правилник којшто е ниво под Законот, односно е подзаконски акт со којшто се дозволува практично да се произведува цвет од канабис којшто не ги задоволува ГМП нормите. И тоа биле свесни дека тоа ќе се случи. И ако не ги задоволува тие норми, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото коешто се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба, односно да биде пуштено во промет. Тоа било многу јасно и на тие коишто го носеле тој Правилник. Сега вистинското прашање е, кој бил мотивот да се донесе таков Правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот за да произведете масло коешто ќе се продава на пазарот и коешто ќе ги исполнува нормите. И тука треба да се направи една озбилна истрага, но ова е само почеток. Ова е само почеток, од тоа што го имаме како индиции, но и од тоа коешто Министерството за внатрешни работи го врши во истрагата, одредени телефони, одредени разговори и така натаму и друг тип на докази, работата ќе биде многу, многу поголема.“

    Популарно

    Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран

    06.03.2026 во 11:25

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Гори куќа на Водно

    06.03.2026 во 11:35

    Почина поранешен македонски пратеник – Го загуби синот во автобусот на „Дурмо турс”

    06.03.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.