Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојува во работна посета на Општина Кавадарци, каде што фокусот ќе биде ставен на неколку значајни инфраструктурни проекти.

Според агендата, премиерот најпрво ќе изврши увид во градежните работи на новиот мост преку реката Луда Мара, кој води кон селото Марена. Потоа, предвидено е свечено пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито на потегот од мостот „Видео Смилевски“ до булеварот „Северен“.

Мицкоски ќе ја искористи посетата и за увид во изградбата на фекалниот колектор „Опитно поле“, како и на затворениот пливачки базен. Овој спортски објект е финансиран од Министерството за спорт, а инвестицијата изнесува 35,5 милиони денари.

Exit mobile version