По Ирак, уште една земја се соочи со комплетен енергетски прекин. Главниот град на Куба, Хавана, како и поголемиот дел од островот, денеска останаа без електрична енергија, потврди националната компанија UNE. Прекинот е со огромни размери и се протега од централната покраина Камагеј, па сè до најисточната точка на островот, Пинар дел Рио.

Националната енергетска компанија соопшти дека нивните екипи веќе работат на реставрација на системот, но ситуацијата е критична. Жителите на Хавана се соочуваат со целосен мрак, додека властите се обидуваат да го стабилизираат снабдувањето во услови на зачестени дефекти на мрежата.

Exit mobile version