Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции на кои како што велат од Владата ќе ги презентира условите за инвестирање во земјава особено во делот на енергетиката и технологијата.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти, се вели во соопштението на владината прес служба.
- СДСМ: Мицкоски по секоја цена го брани Тошковски, дури ги обвинува и жртвите на семејно насилство
- Нови детали за трагедијата во „Пулс“: Обвинителството ќе повика сведок кој живее во Германија
- Француските бази на Блискиот Исток отворени за американските авиони: Париз го засилува присуството во регионот
- Сиљановска-Давкова повика на итни реформи за родова еднаквост
- Приведени двајца насилници во Штип и виничко: Едниот ја претепал сопругата, по што завршила во болница, другиот се заканувал на партнерката
- Мицкоски најави мерки за да се спречи ценовен шок со нафтата
- Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна
- Поскапеа кафеаните


