Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Карпош, каде што ќе присуствува на свечениот чин на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска училишна сала во Основното општинско училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.
Овој проект треба да ги подобри условите за настава по физичко образование и спортски активности за учениците од ова училиште. Од владината прес-служба информираат дека по настанот е предвидена изјава за медиумите од страна на премиерот, каде се очекува тој да се осврне на тековни политички и економски прашања.


