Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
Актуелно
- УХМР со најнова прогноза: Викендот врнежливо, од понеделник заладување и снег
- Апсење на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
- Уапсена охриѓанка – возела иако имала активна забрана
- Мисајловски: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
- Прегазен пешак на булевар во Скопје – со тешки повреди пренесен во болница
- Слободата кратко му траеше – бегалец од Идризово пронајден за помалку од два часа откако избегал
- Утре е Петок 13-ти: Зошто сите се плашат од овој ден и што никако не смеете да правите
- Претепан пожарникар во Куманово – полицијата ги уапси напаѓачите


