Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе шокантни детали за функционирањето на згаснатото Специјално јавно обвинителство. Повикувајќи се на сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, Манасиевски тврди дека СЈО не било ништо повеќе од партиски штаб на СДС, каде адвокатите на Зоран Заев директно ги убедувале обвинителите како да постапуваат.
Манасиевски посочи дека дури четворица адвокати на Заев вршеле притисок за ослободување на лица од притвор за предметот „Пуч“.
„Сведоштвата на Кадриу се доказ како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. Предметот ‘Пуч’ бил донесен во СЈО спакуван во фолија и веројатно така стои и денес – неотворен и неразгледан, само за да се заштитат партиските интереси на тогашната опозиција“, изјави Манасиевски.


