Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше детален план со кој треба да се реши деценискиот проблем со паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“. Според најавите, паркингот ќе биде дигитализиран, а цените ќе бидат поделени во четири категории за да се заштитат пациентите.
Новиот ценовник ќе изгледа вака:
- Бесплатно: За онколошките пациенти (како и досега).
- Достапна цена (некомерцијална): За сите пациенти кои се лекуваат во Клиничкиот центар.
- Административна цена: За вработените во комплексот клиники.
- Комерцијална цена: За посетители и граѓани кои се паркираат за други потреби.
Министерот најави дека граѓаните ќе можат од дома да резервираат паркинг место преку апликација со скенирање на својот упат, а плаќањето ќе биде онлајн, со картичка или кеш.


