Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија
    • МНР: Ја следиме постапката за сообраќајката во Словенија
    • Гаши: Во духот на соживотот да градиме заедничко општество
    • Нови детали: Две од жртвите во сообраќајката во Словенија се деца – стигна писмо до МНР
    • Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот
    • Уапсени познати крадци од Кочани
    • За еден ден пазарната вредност на „Нвидиа“ скокна за 440 милијарди долари
    • УХМР: Услови за невреме попладнево
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: На овие избори да излеземе масовно и да гласаме за број 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за подобар живот и која е против ограбувањето на Македонија

    Мицкоски: На овие избори да излеземе масовно и да гласаме за број 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за подобар живот и која е против ограбувањето на Македонија

    01.10.2025 во 17:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Конче кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ укажа дека кандидатот за Конче, Златко Ристов ќе направи се за жителите на Конче, за подобри услови за живот.

    Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции.

    Според него треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари.

    „Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено да ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски.

    Оттука, укажа Мицкоски, овие избори се помеѓу две опции непринципиелна коалиција меѓу Венко, Али и Димче и од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која е за право, правда, достоинство, подобар живот.

    „Значи или гласаме за назад кога се ограбуваше народот и државата, или за коалицијата која 15 месеци се бори да и врати се на државата и граѓаните. Затоа гласате за вас, вашето место, вашата иднина. Да излеземе масовно и да пратиме силна порака дека сме против ограбувањето на Македонија. Да излеземе и заедно да гласаме за број 9“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче шири паника секогаш кога има нова можност за Македонија

    28.08.2026 во 09:19

    СДСМ: На кого Мицкоски му ги дава поклон македонската земја и вода?

    28.08.2026 во 08:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.