Мицкоски: Корупцијата и криминалот во владата на ДУИ подржана од СДСМ има епидемични големини

 

„Корупцијата и криминалците во политиката се најголемиот проблем во Македонија“, вели лидерот на партијата ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски.

„Корупцијата и криминалот се причина за помалку пари во буџетот, помалку за образованието, здравството, земјоделците, младите, пензионерите, помалку странски и домашни инвеститори, а повеќе иселување, помалку за спортот и културата, а повеќе за нови хациенди на корумпирани политичари во Македонија. Корупцијата и криминалот во владата на ДУИ подржана од СДСМ има епидемични големини“, вели тој.

Како што дополнува, според World Justice Project (WJP) која прави квантитативна анализа на корупцијата во светот, Македонија во 2015 година била на 38 место , а во 2022 година е на 73 место.

„Речиси за двојно е влошена состојбата со корупцијата. Имаме план, знаеме како да се бориме против корупцијата и криминалците во политиката. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред“, додава Мицкоски.

19.02.2023 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега