Мицкоски: Кога ќе има потреба во Собранието тогаш можеби ќе имаме и повеќе од 80 пратеници

 

Јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков „можеби имаме и повеќе од 80 пратеника, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за вчерашното интервју за националната Радио Телевизизија Косово.

Тоа би можело да се види тогаш кога на владејачкото мнозинство ќе му биде потребно двотретинско мнозинство.

-Само кога ќе има потреба од 80 пратеника во Парламентот, тогаш можеби имаме 80 или повеќе од 80 пратеника, рече Мицкоски.

Ова тврдење премиерот го имал врз основа на информациите со кои располага. Одговарајќи на прашањето „Кој влегува во владејачкото мнозинство?“, Мицкоски рече: „Па доволно е сега, во овој момент да оставиме. Кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса“.

20.11.2024 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега