Драма во Тетово: Сопругата со нож го нападнала сопругот и кршела се пред себе
Вчера во 17.15 часот, 31-годишен жител на Тетово пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 26-годишна сопруга.
Во пријавата навел дека таа го нападнала со нож, го кршела мебелот и агресивно се однесувала кон нивните три малолетни деца.
Од СВР Тетово велат дека преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
20.11.2024 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа