Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе ја продолжи кризната енергетска состојба уште на шест месеци, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Ова доаѓа откако вчера Владата ја продолжи мерката за намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18% на 10% до 20 октомври 2026.

    -Ќе ја продолжиме за уште шест месеци кризната енергетска состојба. Имаме некои најави дека може да дојде до деескалација, но сепак тоа нас не нѐ спречува ако може да ја прекинеме. Дај Боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата за да можеме да ја прекинеме кризната состојба. Но, кризната состојба ќе ја продолжиме уште шест месеци, мислам до април, рече Мицкоски. 

    Вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека целта на одлуката за продолжување на мерката за намалено ДДВ е ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството, како и одржување на економската стабилност.

    -Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто  на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството – напиша Димитриеска-Кочоска, на социјалната мрежа Фејсбук.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.