Мицкоски: Имаме обврска кон државата да го поразиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев
Донесовме едногласна одлука дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува и победи на изборите за кои очекуваме Џафери да ги закаже на 15 јули рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, потточно ранливите категории на граѓани да гласаат од дома, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Сигурно се прашуваа многумина, зошто имаше одолговлекување на сето ова, но не можев да прифатам избори коишто ќе значеа газење по човечки животи и газење по здравјето на граѓаните и секако не можам да прифатам избори помалку демократски од една Белорусија- рече Мицкоски.
Дали е ова лесна одлука, рече Мицкоски, секако дека не.
-Имаме обврска кон државата да го поразиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и да го поразиме веднаш, еве го тој момент. Државата тоне, а граѓаните страдаат. Имаме економско фијаско, капитуалција во здравствениот систем, а стратешките интереси не се остворени- рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа