Close Menu
    Најново

    Автомобил се судри со трактор: Патот целосно блокиран

    16.12.2025 во 19:47

    Јована Тренчевска добива висока функција во СДСМ

    16.12.2025 во 19:40

    Тинејџер од Египет украл предмети на Црвен крст во Македонија

    16.12.2025 во 19:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Автомобил се судри со трактор: Патот целосно блокиран
    • Јована Тренчевска добива висока функција во СДСМ
    • Тинејџер од Египет украл предмети на Црвен крст во Македонија
    • Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа
    • Никовски: УМС постојано работи на подобрување на условите со цел младите да останат во Македонија
    • Повторно блокиран Евзони
    • Внимателно возете: Магла во околината на Дебар
    • Москва: Нема прекин на нападите за Божиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ

    Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ

    27.11.2025 во 15:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени мерки во овој период наведени во извештајот на ЕК. Притоа напомена дека ваквиот однос и оценување од страна на ЕК во извештајот не треба да биде причина за евроскептицизам, ниту пак да биде модел за исполнување на сè што е ставено на маса, а притоа да се нема гаранции дека друго, освен зацртаните критериуми нема да го попречат патот.

    „Не треба да имаме дилема ниеден во Собранието дека иднината на Македонија е во рамките на ЕУ. Се разбира дека пристапот до реализирање на таа цел е поинаков. Претходната влада имаше пристап дека со тоа што ќе потпишуваат и прифаќаат сè што ќе им е ставено на маса ќе им бидат простени криминалот и корупцијата и сето она што беше заштитен знак за нивната влада и дека ако стават потпис на секој од документите ставен на маса, некој од таму на магичен начин ќе ги остави на власт и ќе продолжат сложно да ги крадат граѓаните и државата. Но, граѓаните избраа лани на изборите, по која патека и траекторија ќе се движи државата, а тоа е траекторијата на правичност многу работа правичност, чесна работа согласно законите и работа којашто дава испорака за граѓаните. И тука оваа влада не ги двои граѓаните, ниту по етничка, ниту по верска или политичка припадност и така ќе продолжи да функционира.

    Заедничка цел на сите нас е да бидеме дел од ЕУ. За тоа треба да ги завршиме преговорите, но пред да ги завршиме треба да ги започнеме. Многу пати до сега високи функционери на претходната влада, почнувајќи од претходните премиери, ни ја кажуваа невистината, дека сме ги почнале преговорите, дека преговараме, дека имаат добра вест, проследени со објавувани селфи-фотографии од авиончиња, од бротчиња, од понекоја јахта од Егејското Море итн. како еве патуваме кон Европа, возот е незапирлив само што не сме стигнале, а во суштина се наоѓаме на истото место каде што бевме за жал пред 25 години. На самиот почеток. И ние сме единствениот случај, во којшто не можеме да напредуваме, затоа што имаме активна блокада, активно вето, поради билатерални прашања. Прво тоа беше спорот со нашиот јужен сосед, спорот за името на државата, па на начин на којшто сите бевме сведоци се случи таа промена, а сега е повторно нова измена на Уставот, којашто претходната Влада го суспендираше Парламентот и прифати нешто коешто не успеа да го испорача и сега е дел од заклучоците на Европскиот совет дека ние треба тоа да го направиме без притоа да имаме јасна гаранција и предвидливост дека и тоа да се направи, дека ние ако ги завршиме преговорите и сето тоа што треба да го завршиме, бидеме дел од ЕУ, и дека нема да има дополнителни блокади поради билатерални прашања. Влегоа во таа авантура, реков кој беше мотивот на претходната Влада“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во својот одговор.

    „Тоа не е начин на размислување на оваа влада, напротив размислуваме сосема поинаку“, продолжи Мицкоски.

    „Сè ќе сториме во наша моќ за да стигнеме и да ја реализираме таа стратешка цел, но мора тоа да биде без двојни стандарди, да биде согласно Копенхашките критериуми и мора да имаме двонасочна улица. Не може улицата да биде еднонасочна, бидејќи за името на европската цел и за името на европските интеграции граѓаните на Македонија направија многу отстапки во минатото, ако тргнеме од промената на банкнотите, преку промената на знамето, потоа промената на името, Уставот неколку пати“, дециден е Мицкоски.

    Популарно

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.