Мицкоски и официјално ја поднесе иницијативата за референдум: Повикувам на семакедонско обединување
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и официјално ја поднесе иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија.
„Официјално ја поднесовме граѓанската иницијатива со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Сл. Весник на Република Македонија бр.12/2018 од 18.01.2018година?“. Нормално доколку референдумот се случи тогаш граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат со ЗА, подразбира дека на тој начин престанува да важи овој договор со Република Бугарија, или ПРОТИВ односно останува да важи овој договор со Република Бугарија“, кажа Мицкоски.
Мицкоски ги повика сите политички партии и граѓани без разлика на нивната етничка припадност да се обединат.
„Ги повикувам сите политички партии и граѓани без разлика на нивната етничка припадност да се обединат на едно општествено семакедонско обединување и да застанат против тоа кое што претставува главен проблем на нашата европска интеграција, а тоа е договорот кој што го има потпишано Република Македонија со Република Бугарија. И затоа кога ќе се случи овој Референдум да излезат масовно и да гласаат ЗА престанок на важноста на законот со кој што овој договор е ратификуван во рамките на парламентот“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа