Мицкоски: До мај ќе бидат познати 90% од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

 

Во тек е внатрепартиска дебата за потенцијалните кандидати за градоначалници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори кои треба да се одржат кон крајот на годинава. Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека околу 90% од имињата на кандидатите би требало да бидат познати во мај.

-Сѐ уште како партија и како коалиција не сме донеле одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата, веќе од страна на Општински комитети се пристигнати предлог-имиња коишто треба да се најдат на анкетите, на мерењата. Започнуваме во втората половина на јануари да мериме интензивно и очекувам таму некаде втората половина на мај месец да 85-90% имињата да ги соопштиме на македонските граѓани, рече Мицкоски. 

08.01.2025 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега