Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до Филипче: Жал ми е што не ја научивте лекцијата

    Мицкоски до Филипче: Жал ми е што не ја научивте лекцијата

    26.02.2026 во 12:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време на транзицијата некои ваши претходници во СДСМ ги оставија на улица, а денеска се пензионери, и голем дел од нив со времето станаа транзициони херои, ограбувајќи го народниот имот, а стотици илјади луѓе тогаш останаа на улица како технолошки вишок. И за жал, пред доаѓање на оваа Влада, нивните пензии беа, би рекол, катастрофални. А со доаѓањето на оваа влада нивните пензии сè уште не се во најдобра кондиција, односно онакви какви што заслужуваат да бидат. Но, еве колку што можевме во рамките на можностите, имајќи во предвид дека наследивме празен буџет кој што претходната влада на СДСМ и ДУИ го испразни и немилосрдно го истроши, успеавме да заштедиме средства и на пензионерите да им ја зголемиме пензијата“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на пратеничко прашање.

    Мицкоски истакна дека Венко Филипче и СДСМ ги напаѓаат пензионерите и нивните покачени пензии, но како што рече Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите и на сите граѓани.

    „Така што јас навистина жалам што ги напаѓате пензионерите и мислам дека тоа не е добра тема. Ние ќе продолжиме да работиме во интересот на пензионерите, исто како што ќе продолжиме да работиме во интересот на сите работници. Последните податоци на ДЗС велат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба повеќе? Да. Но тоа се можностите кои што во овој момент македонската економија ги има и тоа се можностите кои што ние како Влада ги имаме во смисла на тоа да се договориме со нашите колеги во образованието, во Министерството за внатрешни работи, во Министерството за одбрана, во здравството каде што и вие добивате плата, и во останатите сектори, вклучително и последниот договор што го направивме со УПОЗ и САДУ и да постигнеме договор за примањата на нашите колеги до 2028 година, до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните“, рече Мицкоски и додаде:

    „После тоа ќе видиме. Но, иако уште сега ви кажувам дека и после 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ќе ја формираат следната влада. А за жал со вакви политики што имате ненародни и претставувате мекото ткиво на македонскиот идентитет и на македонската политичка сцена и со вакви мекотелни изјави и прашања кои што сега ги поставувате, за жал не гледам како да повратите барем малку од онаа супстанца, која што ја изгубивте кај македонските гласачи. Но, тоа е ваш проблем, не е мој проблем“.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.