Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

    Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

    30.07.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи:

    „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме бактериолошка неисправност и физичко-хемиска неисправност на примероците. Преземено, ништо. Следен извештај 01 март 2019 до 31 март 2019, повторно за истите градови, и повторно преземено ништо. Можам да ви ги редам многу вакви извештаи. Овде има цел сноп за Гостивар и за околината. Вие сте министер во тој период. Не само што ви гореа модуларни болници, туку како доктор вие не се држевте до заклетвата. Вие дозволувавте луѓето да конзумираат вода која во најмала рака кажано, претставувала ризик за здравјето на тие кои што ја конзумирале“.Мицкоски информираше дека бројот на неисправните примероци од водата во Гостивар се намалува и очекува дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода и за пиење, а во исто време го повика Обвинителството да се позанимава и со наводите од минатите извештаи.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.