Објавен е јавниот повик преку кој секој студент ќе добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој ги повика сите студенти, за кои рече дека се околу 55.000 на број, да аплицираат.

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот.

Мицкоски рече дека се чекало изборите официјално да завршат за да може да се објави повикот, кој ќе трае до 1 јануари 2026 година.

„Не сакаме како многу влади кои што во минатото правеа, тоа да го правиме пред изборите за да не биде сфатено како неетичко однесување од страна на Владата, затоа почекавме изборите да завршат официјално со одлука на ДИК. Така што ги повикувам студентите да се пријават на овој јавен повик кој е отворен до први јануари 2026 година“, порача Мицкоски.

Exit mobile version