Close Menu
Press24
    Најново

    „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид

    05.05.2026 во 10:09

    Трамп со остра закана до Иран: Ќе бидете збришани ако ги нападнете американските бродови

    05.05.2026 во 10:07

    Трагедија го потресе светот: Експлодираше фабрика за пиротехника, најмалку 21 лице загина

    05.05.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид
    • Трамп со остра закана до Иран: Ќе бидете збришани ако ги нападнете американските бродови
    • Трагедија го потресе светот: Експлодираше фабрика за пиротехника, најмалку 21 лице загина
    • Силен земјотрес од 4,1 степен ја погоди Србија
    • Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спремен да ги распродаде националните интереси исто како Заев
    • ВЛЕН: Започнува кампањата „Мај – Месец на Европа“, фокусот е на младите и локалната економија
    • Дневен хороскоп: Ден во кој зборовите имаат тежина – совети за сите 12 знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ќе обезбедиме филтри за оџаци за домаќинства кои се греат на дрва, со цел да го намалиме загадувањето

    Мицкоски: Ќе обезбедиме филтри за оџаци за домаќинства кои се греат на дрва, со цел да го намалиме загадувањето

    23.09.2025 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата размислува за нов сет на мерки за намалување на загадувањето пред почетокот на зимската грејна сезона. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на владина седница ќе биде разгледана иницијативата за поставување филтри на оџаците на домаќинствата и државните институции што се греат на фосилни горива.

    – За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето – изјави Мицкоски.

    Покрај граѓаните, мерките ќе ги опфатат и околу 500 државни објекти, кои според Владата најчесто користат дрва како енергенс.

    – Постои можност и таму да се инсталираат филтри. Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период – додаде премиерот.

    Најавените мерки се дел од напорите на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот, кој традиционално е најзагаден токму во зимските месеци.

    Прочитај повеќе

    „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид

    05.05.2026 во 10:09

    Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран

    05.05.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.