Мицевски: Додека СДСМ ги убедува граѓаните да ги донираат парите од Мој ДДВ помош земаат фирмите на Заев и Анѓушев

 

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Отворено Студио“ истакна дека додека во време на пандемија фирмите на Заев и Анѓушев земаат помош од државата, СДСМ ги убедува граѓаните парите од повраток на ДДВ да ги донираат на државата.

Рече дека СДСМ во последните три години има апсолутна власт со оглед на тоа што 80 отсто од градоначалниците доаѓаат од таа партија.

- Да не се фокусираме само на овие три месеци од вонредната состојба и корона пандемијата во Република Македонија. 80% од градоначалниците се ваши. Имавте политичка влада до формирањето на техничката влада до јануари месецот. Имате претседател на државата. Да го обвинувате Наќе Чулев за сето она што не е реализирано во државата, за здравствената криза во Република Македонија и за економската криза да ја обвинувате дополнителната заменичка министерка за финансии е во најмала рака смешно, нагласи Мицевски.

Појаснува дека тоа го вели бидејќи СДСМ во изминатите два месеци во услови на најголема пандемија, како што рече, правеше класичен предизборен поткуп без дефиниран датум за избори.

-Кластерот на СДСМ не го направи Чулев и Гордана Кочоска Димитриеска. Тоа вие го направивте од вашите дружби и излегувања. Излегоа илјадници слики низ Република Македонија што се СДСМ направи и колку пакети поделија Заеви. Проблемот господине Митревски е во помошта на фирмите на Кочо Анѓушев и на Заев. Затоа што граѓаните ги убедувате дека од морални причини треба да се откажат од повраток на ДДВ кој што ги следува, за да земат помош фирмите „Еленица“ на Заев и фирмите на Кочо Анѓушев. Кои што секоја година со завршните сметки прикажуваат огромни приходи. Поради тоа веќе граѓаните на Република Македонија не им верува на СДСМ, истакна Мицевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега