Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

    МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

    01.06.2026 во 16:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти.

    Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1% од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60% од БДП.

    Документот ги утврдува насоките за финансирање на буџетските потреби, отплата на претходно преземени обврски и реализација на капитални инвестиции, при што фокусот останува на зачувување на фискалната стабилност и одржливоста на јавните финансии.

    Во следниот период дел од средствата ќе бидат наменети за реализација на тековните инвестиции и инфраструктурни проекти, а дел за сервисирање и рефинансирање на претходно преземени долгови што достасуваат за отплата. Во Стратегијата е наведено дека за отплата достасуваат 500 милиони евра во 2027 година, 700 милиони евра во 2028 година и 500 милиони евра во 2030 година по основ на претходно издадени еврообврзници.

    Среднорочната политика за управување со јавниот долг има за цел обезбедување финансиски средства по најповолни услови, со внимателно управување со ризиците и натамошен развој на домашниот финансиски пазар.

    Со усвојувањето на Стратегијата, Министерството за финансии продолжува со политика на прудентно и одговорно управување со јавниот долг, насочена кон стабилни јавни финансии, поддршка на економскиот раст и сигурно финансирање на буџетските потреби.

    Имено, согласно последните објавени податоци за нивото на долгот, заклучно со 30 април 2026 година, државниот долг изнесува 51,5% од БДП и бележи намалување од 0,4 п.п. во споредба со состојбата на крајот на март 2026 година. Намалување е регистрирано и во апсолутен износ, односно од 9,473 милијарди евра колку што изнесувал на 31 март, е намален на 9,398 милијарди евра. Јавниот долг согласно последниот објавен податок на крајот на март изнесува 58,9% од БДП.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.