Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

    МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

    12.09.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    12 септември 2026 година, Скопје – Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија.
    Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија
    Позитивно е оценета и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот јануари–јули годинава бележат раст од 40% на годишно ниво, што претставува 46% од ревидираната цел за целата година и што според Агенцијата ја одразува силната реализација на крупните инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д.
    „Фич“ очекува економската активност да продолжи да биде поддржана од силните јавни инвестиции и приватната потрошувачка. Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија.
    Како фактори што го поддржуваат кредитниот рејтинг, „Фич“ повторно ги издвојува поповолните показатели за управување и повисокиот БДП по жител во однос на земјите со споредлив кредитен рејтинг, како и посветеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој се оценува како значајно реформско сидро на среден рок.
    Во однос на фискалната рамка, „Фич“ ја нотира целосната примена на Законот за буџети од 2028 година, како и потребата од постепена фискална консолидација, при што очекува намалување на дефицитот на среден рок.
    Агенцијата ги нотира и реформските активности за подобрување на наплатата на приходите, вклучително и воведувањето на е-фактурирањето.
    Агенцијата нотира релативно поволна структура на долгот на општа влада имајќи го предвид големото учество на мултилатерални и билатерални кредитори во истата, а очекува бруто-долгот на општата влада да се стабилизира на просечно ниво од 52,7% од БДП во периодот 2026–2028 година, односно под утврдениот.
    Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед претставува значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите за стабилноста и перспективите на македонската економија, особено во услови на зголемени глобални економски и геополитички предизвици.
    Министерството за финансии продолжува со политиките насочени кон одржлив економски раст, засилена реализација на капиталните инвестиции, структурни реформи и постепена фискална консолидација, со цел зајакнување на економските фундаменти, конкурентноста и животниот стандард на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.