Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра

    10.06.2026 во 12:06

    Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала

    10.06.2026 во 12:01

    Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат

    10.06.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Чаир заслужува да се искачи на врвовите на успехот преку инвестициите во спорт и млади

    Меџити: Чаир заслужува да се искачи на врвовите на успехот преку инвестициите во спорт и млади

    17.09.2025 во 23:482 Mins Read
    ФОТО: Изет Меџити
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик претседател на Владата и кандидат на коалицијата Влен за  градоначалник на Oпштина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со играчите и  раководството на кошаркарскиот клуб Чаир 2030, една од најуспешните  спортски приказни на локално ниво во последната деценија, се вели во соопштението ПР-тимот на Меџити, кое го пренесуваме интегрално.

    Овој клуб, кој започна од мала група ентузијасти, денес се натпреварува  во Суперлигата на Македонија, достојно претставувајќи ја општината и инспирирајќи ги младите генерации.

    „Чаир има богата спортска историја. Време е оваа историја да се поддржи  со институционална посветеност, бидејќи спортот не е само игра, тоа е едукација, карактер, здравје и гордост,” истакна Меџити за време на посетата во просториите на клубот.

    Меџити ја оцени работата на тренерот Ерхан Рамадани, кој со визија и професионален пристап го води тимот кон нови резултати, и го потенцираше својот ангажман дека, како иден градоначалник на Општина Чаир, ќе се залага за:
    -Структурирана поддршка за клубовите и младите спортисти;
    -Инвестиции во модерна и достапна спортска инфраструктура за сите;
    -Јасни политики за развој на младинскиот и културниот живот во 
    општината.

    Како што беше речено на средбата, Општина Чаир ja ставила спортската салана располагање на клубот бесплатно, обезбедувајќи им на кошаркарите соодветни услови за тренинг и натпревари.

    Меџити, исто така, доби симболичен дрес од клубот како знак на благодарност за дадената поддршка.

    „Кога инвестираме во спорт, инвестираме во иднината на нашите деца и во еден посилен Чаир. Младите се нашето најголемо богатство и мора да имаат простор да напредуваат,“ рече меѓу другото Меџити.

    Како кандидат на коалицијата Влен, Меџити води кампања заснована нa искуство, визија и верба во потенцијалот на граѓаните на Чаир, сметајќи го спортот за клучен столб на локалниот развој.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра

    10.06.2026 во 12:06

    Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат

    10.06.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.