Меси останува во Барселона

Аргентинскиот новинар Мартин Аревало тврди дека постои 90% можност Лионел Меси да остане во Барселона.

Аревало на социјалните мрежи напиша дека најреална можност во моментов, по денешниот состанок, е Меси да остане во Барселона.

Првиот состанок на таткото на Меси и претседателот Жозе Мартија Бартомеу заврши без договор за иднината на фудбалерот, па утрово имаше нов состанок.

Меси минатата недела соопшти дека сака да ја напушти Барселона бесплатно, зашто смета дека неговата клаузула во договорот уште е активна, иако така не мисли Ла Лига.

Понудата од страна на Барселона е да остане уште една сезона и следното лето да може да си замине како слободен агент, а според еминентниот новинар најверојатно Меси ќе се согласи на тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа