Октомври ќе донесе постепено заладување, со температури кои од речиси летни вредности на почетокот на месецот, кон крајот ќе се спуштат на типично есенски нивоа.

Во првата половина од октомври во Скопје ќе преовладува стабилно и релативно топло време, со дневни температури кои во повеќе денови ќе достигнуваат од 23 до 27 степени. Утринските температури ќе бидат значително пониски, главно меѓу 7 и 12 степени.

Од средината на месецот се очекува постепен пад на температурите. Дневните максимуми ќе се движат околу 19 до 22 степени, а ќе има и повеќе облачни периоди и услови за дожд.

Најсвежо ќе биде во последната третина од октомври, кога дневните температури ќе се спуштат на околу 15 до 18 степени, а утринските на места и до 3-5 степени.

Според долгорочната прогноза, октомври ќе почне со повеќе сонце и натпросечно топло време, а ќе заврши со значително посвежо и понестабилно време.

Exit mobile version