По завчерашната полициска акција во Прилеп, судот донесе одлуки за мерките за обезбедување присуство по завршувањето на целодневните рочишта кои се одржаа вчера.

Надлежните органи постапуваа по вкупно 18 предлози за определување мерки притвор и куќен притвор. По произнесувањето на осомничените лица во присуство на нивните бранители, донесени се решенија со кои на 14 лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека за 4 лица е определена мерка куќен притвор.

Exit mobile version