Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајдена и одземена марихуана од возило во кое биле две лица на 18 години на регионалниот пат Струга-Дебар

    13.02.2026 во 23:41

    Кривична за жена од Прилеп – во викенд куќата и нашле пиштоли и муниција

    13.02.2026 во 23:23

    Дневен хороскоп: Еден знак да биде екстремно внимателен

    13.02.2026 во 23:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пронајдена и одземена марихуана од возило во кое биле две лица на 18 години на регионалниот пат Струга-Дебар
    • Кривична за жена од Прилеп – во викенд куќата и нашле пиштоли и муниција
    • Дневен хороскоп: Еден знак да биде екстремно внимателен
    • Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на АВМУ
    • Зеленски: Се надевам дека ќе дојдеме до мир и повторно ќе се вратиме на нормалниот живот
    • Пријавен физички напад во Брвеница, полицијата презема мерки
    • Собрани се парите за 8-годишната Ана: 3.1 милиони денари за шест часа
    • Сијарто со остри обвинувања: Украина грубо се меша во изборниот процес во Унгарија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мерц го критикуваше порастот на антисемитизaм во Германија

    Мерц го критикуваше порастот на антисемитизaм во Германија

    17.09.2025 во 23:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во 2023 година, антисемитизмот станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен во Германија, јавува ДПА.

    -Критицизмот кон израелската Влада мора да е можен, а и јас самиот неодамна изразив таква критика, рече Мерц на 75-годишнината од формирањето на Централниот совет на Евреите во Берлин, „но, додаде тој, нашата земја си ја повредува сопствената душа кога оваа критика станува изговор за омраза кон Евреите – или кога дури води до барања Сојузната Република да се одврати од Израел“.

    „Посветеноста на Германија кон постоењето и безбедноста на Државата Израел е непреговарачки дел од нормативните темели на нашата земја“, додаде германскиот канцелар, пренесен од ДПА.

    Мерц го изрази својот континуиран шок и срам поради антисемитизмот во Германија, за кој рече дека станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен по терористичкиот напад предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

    „Израелските ресторани, местата на еврејски живот и местата на еврејско сеќавање се обезличени и загрозени“.

    Германија минатиот месец го суспендираше извозот на оружје за кое верува дека може да се користи во Појасот Газа, што е првпат Берлин да ја повлече воената помош за Израел.

    Оваа одлука е донесена поради зголемениот јавен притисок и хуманитарната криза во Газа, потсетува германската агенција.

    Германија е најголемиот снабдувач со оружје на Израел, по САД, и долго време е еден од најголемите поддржувачи на Израел, првенствено поради нејзината историска одговорност за Холокаустот за време на Втората светска војна.

    Популарно

    Инспекторите не спијат: Акција во Гази Баба за сите непрописно паркирани автомобили

    13.02.2026 во 21:34

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Водич: Како да ги вратите избришаните пораки на Вибер?

    13.02.2026 во 21:05

    Јотова со предупредување до Скопје: „Не се лажете дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање“

    13.02.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.