Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мелони ги смирува тензиите со Вашингтон: Односите со САД мора да се вратат во нормала

    Мелони ги смирува тензиите со Вашингтон: Односите со САД мора да се вратат во нормала

    23.06.2026 во 21:282 Mins Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека односите со Соединетите Американски Држави треба да се вратат во нормала, по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп.

    „Немам намера дополнително да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју.

    Како започна спорот?

    Тензиите ескалираа во петокот, кога Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа. Ова уследи откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го „молела“ да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

    Мелони тогаш експресно возврати со пораката дека „ниту таа, ниту Италија никогаш не молат“.

    Соработката останува стабилна

    И покрај острите зборови, италијанската премиерка нагласи дека билатералната соработка меѓу Италија и САД мора да продолжи да функционира во нормални рамки.

    „Тоа го кажав и вчера на седницата на Владата, имајќи ги предвид претстојните средби“, рече таа.

    Мелони оцени дека не постои ризик од негативни последици врз стратешките односи меѓу двете земји и дека врските остануваат силни.

    „Тие нема повторно да бидат преиспитувани поради една расправа на социјалните мрежи“, децидна е италијанската премиерка.

    Дипломатски последици: Тајани го откажа патувањето за САД

    Иако Мелони се обидува да ги смири тензиите, спорот меѓу Трамп и италијанскиот државен врв претходно дополнително се заостри на дипломатски план. Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, соопшти дека поради навредливите изјави на американскиот претседател, во знак на протест го откажува своето планирано патување во САД.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.