Кандидатот за градоначалник на Дебар, од Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН), Фисник Меља, на вечерашниот централен изборен митинг, вети целосна трансформација на општината, во интерес и благодат на сите нејзини жители.
– Со отворено срце и искрена и чиста душа, најавувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани, независно од партиска или која било припадност. Секогаш ќе имаат отворена врата за да ги кажат своите маки но и успеси. Ќе реализираме многу проекти, со поддршка на централната власт, иселениците, за да економски го развиеме Дебар, кој изобилува со многу природни богатства и убави, но во изминатиот период не е сторено речиси ништо, порача меѓу другото Меља во своето обраќање.
Од многуте проекти, приоритет рече, е дигитализација на општинската администрација, изградба на Центар за лица со посебни потреби, реконструкција и проширување на патот кон граничниот премин „Блато“, изградба на хлорни станици во сите села, со цел жителите на имаат чиста вода за пиење, надминување на проблемот со водата за пиење, подобра патна инфраструктура во селските населени места