Меган Маркл не пропушта можност да го нападне британското кралско семејство

Не стивнуваат превирањата на британскиот двор, за кои најголемата одговорност ја има Меган Маркл, која постојано го напаѓа кралското семејство, а сега е прашање дали таа ќе замине во Британија за прослава на божикните празници или принцот ќе патува сам и дали евентуално ќе може со себе да го земе синот Арчи

Пред десет месеци Меган Маркл го напушти кралското семејство, заедно со сопругот Хари и синот Арчи, но изгледа дека сè уште има горчлив вкус во устата. Со последните изјави таа суптилно го навреди кралското семејство.

Маркл беше дел од виртуелната конференција „Најмоќните жени, нова генерација“, за која учесниците мораа да платат дури 1.750 долари ако сакаат да ја следат. Во 15-минутниот говор таа кажа многу контрадикторни изјави, но и го навреди семејството на принцот.

Тема на конференцијата беше виртуелниот свет, друштвените мрежи и нивното влијание, а Меган направи драматична паралела меѓу зависниците од дрога и од социјални мрежи.

– Има мала низа ситуации во кои некого можете да го наречете „корисник“. Така се нарекуваат оние што се зависни од дрога, но и оние што се на социјалните мрежи – изјави 39-годишната војвотка и ги остави зачудени сите гости на конференцијата.

Имено, Меган беше многу активна на социјалните мрежи пред да се запознае со британскиот принц и имаше свој блог, а Инстаграм го користеше како дневник на настани од својот живот. Од сето тоа, таа дури и заработуваше. Но, сега тврди дека се откажала од тоа што некогаш ѝ носело разонода и забава поради здравјето. Таа уште додаде дека времето поминато онлајн го смета за многу штетно за човечкото ментално здравје и се огради од службените профили на социјалните мрежи, за кои рече дека ги водат специјален тим луѓе, додека личниот профил долго време не го користи.

Во тој момент Меган го навреди кралското семејство нарекувајќи го „институција“, заборавајќи дека тоа се единствените роднини на нејзиниот сопруг.

– При престојот во Велика Британија, соодветно на институцијата, имавме службен инстаграм-профил, за кој се грижеше цел тим стручни лица, а не ние. Моја лична одлука беше да ги затворам прифатните профили на социјалните мрежи – изјави ладно Меган.

Оваа нејзина изјава ги поттикна озборувањата дали ќе биде добредојдена на кралскиот двор за Божиќ, празник што многу му значи на принцот Хари.

Во британските медиуми наголемо се пишува дека имотот Фрогмор Котиџ е подготвен за доаѓањето на принцот Хари, но не се знае дали ќе дојде со Меган или сам и дали ќе смее да го поведе синот.

– Традицијата поврзана со празниците, за Хари е нешто многу важно. Иако поради ковид-19 сè е неизвесно, тој се надева дека ќе отпатува и заедно ќе ги слават празниците. Бидејќи е близок со баба му, се надева дека ќе може и Арчи да го однесе во Лондон за да поминат време заедно – вели извор близок на кралското семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега