Меџити ќе го потпише документот за прогласување на епидемија на Голема кашлица

 

Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести.

Меџити рече и дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст.

Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот“ -  додаде Меџити.

Тој се осврна и на проверувањето вакцинални картони, при што нагласи дека на тоа се работи, но оти процедурата е се уште во тек. Кога резултатите ќе бидат целосни, најави дека ќе бидат споделени со јавноста.

08.02.2024 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега